МЗ: Нa инфeктивнитe oддeлeниja вo зeмjaвa ce лeкyвaaт 812 пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство. 

„Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп  112, во ковид центарот во Гостивар 55, а во Струга 21 болни. 

Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија 7 лица позитивни на корона вирусот.  Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. 

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1297 и има колку 150 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“ стои во соопштението. 

Од таму наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. 

„И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“ велат од Министерството за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This