Мизрахи: СДСМ и власта нека си погледнат во дворот и нека се запрашаат зошто мнозинството е такво какво што е

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание во емисија „Патот кон” на ТВ Алсат М гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која говореше за моменталната политичка ситуација во земјата, скандалите и криминалните афери на власта, како и лошите мерки на Владата во справувањето со Ковид пандемијата.

Мизрахи потенцираше дека она што се случи во неделата во однос на седницата каде што беа донесени заболени пратеници од Ковид-19 во Собранието само придонесе за девалвирање на институцијата и газење врз авторитетот. Таа додава дека седницата наместо да биде плодна и во полза на граѓаните, наликуваше на претстава од театрите, бидејќи ги манипулираа граѓаните во однос на 32-та и 36-та седница, бидејќи граѓаните не ги знаат до детали точките на дневен ред.

„Спикерот Џафери една вечер претходно истакна дека не смее да се носат болни пратеници во Собранието, но исто така притискаше да се стави на дневен ред 32-та седница, која што не беше предвидена за тој ден, односно важни беа мерките од петтиот пакет. Власта изманипулира со граѓаните, бидејќи се задскриваа позади 32-та седница, иако за 36-та седница која што беше најважна во однос на петтиот пакет, беше изгласана од 115 пратеници, односно од целото ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата”, вели Мизрахи.

Познато е дека власта како во изминатиот период, така и сега ќе се служи со трикови и вакви претстави пред јавноста, бидејќи уште од првиот ден немаат стабилно мнозинство и често се случува да не можат да изгласаат нешто за кое што добиле насока од нивниот лидер. СДСМ и власта нека си погледнат во дворот и нека се запрашаат зошто мнозинството е такво какво што е и зошто Собранието функционира онака како што функционира, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не ги избегнува седниците на кои се доделува помош на граѓаните, туку тоа го прави СДСМ, изјави Мизрахи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This