МИЛОШОСКИ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сериозни забелешки и препораки за договорот со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешнава прес-конференција ја одржувам после завршувањето на седницата на Комисијата за надворешна политика која што по барање на претседателот на Владата, Зоран Заев беше затворена за јавноста, На таа седница имавме можност да имаме увид во нацрт-договорот кој што според господинот Заев сеуште има можности да се подобрува, договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Доколку навистина овој нацрт-договор сеуште е отворен за интервенции за подобрување на текстот, сите пратеници присутни од Коалицијата „За подобра Македонија“ дадоа сериозни забелешки и сериозни препораки, каде нацрт-договорт за доборососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија може да се подобри. Нема да истакнувам конкретни членови или детали, но ќе го кажам тоа општо во областите каде што ние ги лоциравме сериозните слабости кои што овој договор ги има, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски по седницата.

-Прво Декларацијата од 1999 година е необврзувачка и има улога на препорака за соработка и добрососедство. Кога преминуваме во фаза на договор,  договорот е правно обврзувачки билатерално и меѓународно и затоа треба да се внимава што треба да се потпишува, бидејќи потпишувањето на еден договор значи не само успех во моментот на потпишувањето, туку и последица по година, пет или по петнаесет години од неговото потпишување. Прво нашата главна забелешка и препорака беше, дали македонскиот народ како конститутитвен народ во Република Македонија ќе биде споменат или нема да биде споменат во договорт за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, ние сметаме ако е договор за добрососедство и договор на добра волја, прјателство и соработка не би требало за ниеден политичар ниту во Софија ниту во Скопје да биде проблем, македонскиот народ да биде споменат во овој договор, изјави Милошоски.

Второ, рече Милошоски, дали македонскиот јазик во овој билатерален договор помеѓу Софија и Скопје ќе биде споменат дека постои само заради постоењето на Устовот на Република Македонија или фразата за употребата на македонскиот јазик ќе биде таква дека македонскиот јазик има своја посебност независно од Уставот на Република Македонија.

-Третата забелешка беше дали Зоран Заев е спремен да потпише билателарен договор кој што содржи најмалку еден член кој што ние сметаме дека не е во согласност со членот 49 од Уставот на Република Македонија кој што ја предвидува уставна обврска на државата да се грижи за Македонците надвор од држвата. Четвртата забелешка се однесуваше на фразата „заедничка историја“ каде што пратениците од Коалицијата „За подобра Македонија“ сметаат дека би било многу подобро една поширока фраза каде што ќе бидат истакнати и дел од заедничката и дел посебните истории на Македонија и Бугарија и на македонскиот и на бугарскиот народ. И петтата, последна и суштинска забелешка која што ја дадовме по однос на овој договор се однесуваше на забележителната асиметрија на правата и обврските на двете договорни страни во договорот, изјави Милошоски.

Се предвидуваат многу повеќе права за Република Бугарија како страна во овој договор, а многу повеќе ограничувања, рестрикции и обврски за Република Македонија како страна во овој договор.

-Затоа цениме дека следниот период Владата треба наместо да брза и да брка датум за потпишување на македонско-бугарскиот договор, треба да брза и да постигнува подобар квалитет на текстот за постигнување на еден взаемен договор кој што ќе значи и взаемна почит на двата народа и взаемно признавање на двете држави, на двете култури и взаемна соработка за перспективата на Македонија и Бугарија како соседи. Очекуваме, Министерството за надворешни работи и Владата на република Македонија, овие препораки да ги вгради во нацрт текстот кој што добивме информација од господинот Заев дека не е во конечна верзија односно има можности за подобрување. Доколку овие препораки бидат вградени во дел од текстот и со тоа го унапредат како содржина, а со самото тоа биде и поповолен за Република Македонија ние како пратеници од Коалицијата „За подобра Македонија“ би дале поддршка за договор во кој што ќе се спомене македонскиот народ, ќе се потврди македонскиот јазик , ќе има симетрични обврски и за Македонија и за Бугарија и ќе има јасна дистинкција помеѓу делот на заедничката и делот на посебната историја, рече Милошоски.

Доколку, овој нацрт договор остане непроменет и го задржи истиот текст кој што го видовме и денес, додаде Милошоски, тогаш ќе остане кај нас сомнежот дека денешната седница била само ПР момент.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This