МИЛОШОСКИ: Јанева peкетирала, а Боки 13 извршувал со помош на високи челници од влaдата на СДСМ и Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, истакна дека селективната правда во Република Македонија негативно влијае на положбата и имиџот на државата пред Европската унија и европските претставници, коментирајќи дека градоначалникот Курто Дудуш од СДСМ кој што насилно тепаше свој сограѓанин во канцеларија на општината добил само судска опомена.

 

 

 

-Имавме случај за градоначалникот Курто Дудуш. Имаме закон за јавно обвинителство имаме случај каде што новинари објавија на бесправно лишување на свој сограѓанин од слобода го заклучил во канцелариите на општината Шуто Оризари бидејќи го тепал затоа што не размислувал политички како него и тој помина само со судска опомена и ние можеме најубавиот најмодерниот закон за јавно обвинителство да го донесеме. Но, ваквиот случај ќе стигне преку францускиот амбасадор до француската влада, преку данскиот амбасадор до данската влада, преку холандскиот амбасадор до холандската влада и мислам дека ваквите примери на селективно спроведување на владата без разлика колку е законот е модерен ја деградиитраат положбата и имиџ на Република Македонија во ЕУ, вели Милошоски.

Според него, поголем приоритет в Собранието на Заев е носењето на законот за сув цвет од марихуана кој што бил предложен со европско знаменце односно скратена постапка, за разлика од законот за јавно обвинителство или други суштински закони.

-Второ се работи се приоритети во собранието, а ние изминатиот период гледаме дека поголем приоритет на Заев е законот за трговија за опојни дроги и со цвет за марихуана отколку законот за јавно обвинителство или други системски закони. Само еден пример ќе ви кажам предлог законот за јавно обвинителство беше пуштен во собрание во редовна постапка додека законот за сув цвет од марихуана беше пуштен со европско знаменце, за покасно да биде повлечен поради реакција на јавноста. Затоа прашање на приоритети во овие последни мигови во владеење на Заев нему му е најголем приоритет. Јас не верувам дека нему приоритет нему му се стандардите во било кои закони, најмалку во законот за јавно обвинителство. Нему му е приоритет како оние луѓе од судството и обвинителството кои што му се лојални да ги удоми во системот на обвинителство и судство за да можат да го штитат, смета Милошоски.

Според Милошоски, поранешната специјалната јавна обвинителка која што е обвинета за случајот Рекет Јанева не можела сама да рекетира без претходна поддршка од страна на високи функционери на владата на СДСМ, посочувајќи ги изјавите од страна на сведоците во случајот Рекет кои што сведочеле дека во домот на Боки 13 често пати гости биле токму министрите од владата на СДСМ.

-Парадоксот овде е што главниот актер во случајот Рекет и главниот актер кој што на некој начин го дескридитриа и го девалвира СЈО, институцијата која што многу граѓани кои гласа за Заев полага надежи правда и правичност е Катица Јанева, а не Боки 13. Тој е дел од извршителите, таа е главниот плејмејкер и не можела Катица Јанева да била толку ефикасна во рекетирањето доколку немала толку висока и сигурна поддршка од челници од владата на Република Македонија. Ние имавме сега на сведочењето изјави и еден министер тоа го кажа дека кај Боки 13 на гости дома оделе видни министри, бил министерот за здравство Венко Филипче, бил неколку пати министерката Шеќеринска и други претставници и градоначалници од СДСМ. Што правеле тие, слушале плочи од 80тите и разговарале со Катица Јанева и со него за некои други теми. Затоа сметам дека најголем одговорност за пропаст на проектот СЈО е токму на актуелната власт која што го злоупотреби СЈО за свои политички и материјални цели, кажа Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This