Милошоски: 3a дa имaмe вepoдocтojни лoкaлни избopи дpжaвaтa, ДИК и МВР мopa дa нaбaвaт ypeди зa oтиcoк нa пpcт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПММНЕ и пратеник во Собранието при денешната негова посета во Штип зборуваше за тоа кои се црвените линии за изборен законик каде ДИК бара договор за изборниот законик до крај на месец март, во спротивно локалните избори ќе треба да се одложат.

Милошоски во врска со ова посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да се почитува законот за локални избори каде јасно стои дека мора да се набават уреди за отисок на прст.

– ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се почитува законот за локални избори, а во законот за локални избори е пропишано како законска норма дека мора да имаме уреди за отисок на прст при гласањето за локалните избори. Значи за да имаме веродостојни локални избори кој што никој нема да ги оспорува и сите партии особено опозицијата да чувствува дека има една рамноправност без да има манипулации треба државата, ДИК, Министерството за внатрешни работи и сите политички партии да обезбедат набавка на вакви уреди. Во спротивно локалните избори ќе бидат спорни, а такви спорни локални избори можат да доведат до неучество на изборите, непризнавање на изборите, на крајот од краиштата може да бидат и дополнителен хендикеп за евроинтеграциите на Република Македонија бидејќи не може една држава да организира избори, а да не го почитува законот за локални избори и да нема уред за отисок на прст кој што е законски предвиден, кажа Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This