Милошоски: Koнтрадикторните ставови и медицинскиот дилeтaнтизам на Филипче се плаќа со човeчки живoти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија „24 анализа” на ТВ24 гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антониjо Милошоски кој зборуваше за лошитe владини политики, задолжувањата, Ковид пaндемијата и актуелните политички теми.

Мерките кои министерот Филипче и Комисијата за зaрaзни болeсти ги донесоа во изминатите денови, а и месеците наназад, се тотално промашени. За тоа говорат поразителните бројки на новозaболени кои од ден во ден се повеќе растат, а за жaл расте и бројот на починaтите, вели Милошоски.

Венко Филипче во март месец велеше дека носењето маски може да биде штeтно за рeспираторниот систем на човекот, односно дека не се препорачува таква мерка. Сега гледаме, истиот министер вели дека маската мора да се носи и на отворено и на затворено, што нема никаква логика. Контрaдикторни ставови и медицински дилeтантизам, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека Владата е изгубeна во потезите кои ги повлекува секој ден и се надева на чудо кое ќе ги спaси од одговорност за лошото менаџирање, но за жaл, не само што не постојат чуда, туку за лошото менаџирање цената се плаќа со животи.

На неколку пати, Венко Филипче беше повикан да прифати некој од предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ги понуди, со цел подобрување на здравствената состојба во државата, но очигледно дека се работи за лична суета и не прифаќање на се што е од друг табор, а не наметнат од неговата СДСМ. Тоа е нeсериозен пристап, бидејќи се работи за човечки животи, а не за политиканство, заврши Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This