April 16, 2024, 10:31 pm

Милошocки: Ckaндалозно е што и по две години нeмaмe амбacaдopи вo Вaшингтoн и Oтaвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија праќа многу потценувачка политичка порака кон многу битни земји во светот, кои се и наши пријателски земји со тоа што во истите земји долги години нема амбасадори, смета пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошски.

Според Милошски, скандалозно е што и по две години немаме амбасадори во Вашингтон и Отава, двете клучни НАТО членки, со голема македонска дијаспора.

Околу три години сме без амбасадори и во срцето на дипломатијата како Обединетите Нации, а празни се и амбасадите во Москва, Пекинг, Њу Делхи и Рим. Дури четири години сме без амбасадори во пријателска Хрватска и во Египет, која е нашата единствена амбасада на африканскиот континент. Со Бугарија имаме битни политички прашања, но и економски интереси, но немаме амбасадор. Празни се за жал и амбасадите и во Белгија, Турција и Бразил, единствената македонска амбасада во Јужна Америка. За односот на Македонија кон Израел говори за жал и три години празната амбасада во Тел Авив, вели Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This