МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АСАФ АДЕМИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА:Од ова политичко искуство, научив дека најважно во животот е образот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за култура Асаф Адеми поднесе оставка, објавувајќи ја одлуката во партиското седиште на неговата партија Алтернатива (поранешното крило на БЕСА на Африм Гаши).

Обраќајќи се прво на албански јазик, Адеми рече дека одлуката ја донеле заедно со Гаши, појаснувајќи дека на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.

„Претседателот на партијата и пријателите од централниот комитет ја прифатија мојата одлука, но одлучивме да не го нарушуваме изборниот процес. Од ова политичко искуство, научив дека најважно во животот е образот. Јас денес не се срамам да стојам пред вас. Моето владеење беше чесно и транспарентно, останувам достапен на Антиkорупциската комисија“, изјави Адеми.

На новинарско прашање дали местото министер за култура останува во Алтернатива, Адеми рече дека останува, но премиерот Зоран Заев и Гаши дополнително ќе се договорат. Адеми ќе остане на функцијата додека не дојде новиот министер и рече дека ќе му стои на располагање..

Адеми кажа дека неговата оставка не е врзана со чистката на Заев, туку за неа се разговарало изминативе 2- 3 месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This