Министep од Д У И со нови дeтaли за попиcoт: Ќе ce пoпишyвaaт и луѓето кои се надвop oд дpжaвaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието денеска ја почна расправата по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, која е 14 точка од 29-тата седница.

Предлог-законот го образложи заменик министерот за правда Агим Нухиу, кој рече дека со законското решение е предвидено пописот да се спроведе од 1 до 22 април оваа година, а со него ќе бидат опфатени и лицата кои работат надвор од државата. Како што тој вели, лицата надвор од државата ќе се попишуваат преку интернет, со посебна апликација.

– Лицата кои работат надвор од државата, попишувањето ќе го извршат сами, со посебна апликација, која ќе биде инсталирана на интернет-страницата на Државниот завод за статистика, од 1 март до 21 април 2021 година, појасни заменик-министерот Нухиу.

Тој посочи дека со законот се предвидени 50 региони за попис и секој од нив ќе има посебна комисија. Во целиот процес ќе се почитува правичната застапеност во комисиите, како и при изборот на попишувачите.

– Во четвртото поглавје од законот, е предвидено дека актите кои ги донесува директорот на Заводот за статистика ќе имаат правен ефект ако нив ги прифати и неговиот заменик. Така, не може да има измама на етничка основа, истакна Нухиу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This