April 23, 2024, 10:44 am

МИСАЈЛОВСКИ: Слушаме дека блeскаме, а во буџетот фалат 2 милијарди евра кои сакаат да ги надополнат од платите на работниците…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мора да констатирам една работа дека добиваме различни изјави дали буџетот е лиkвиден и дали има доволно пари пред неколку дена слушнавме дека има одлична кондиција и дека блескаме, а сега слушаме дека фалат 1,3 милијарди евра, сега слушнавме и од Дамјан Манчевски дека фалат околу 2 милијарди евра во буџетот, народот треба да знае што е вистината? Ова вечерва преку видео гостување во емисијата „Клик Плус“ го запраша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Слушам како се фалат меѓу себе колку добро работат, јас не сакам да критикувам сакам реално да ги кажувам работите и стојам на располагање и јас и сите од мојата партија во овој xаос кој ни се случува, но мора да ги знаеме реалните состојби во државата. Во државата нема доволно средства, ние со само две, три недели ваква криза видовме дека нема доволно пари во економијата и дека апсолутно нема доволно пари во буџетот. Од друга страна слушаме како сме најдобри во Европа на секој можен план. Сега мора да ги скратиме сите плати во администрацијата, а од друга денеска не кажуваме дека еден куп авторски договори се потпишуваат на неопределено со многу институции во Македонија или од прилика 65 институции потпишуваат договори со нови луѓе да се вработат, јас би сакал да прашам што е толку итно во домот на културата во Кавадарци да се вработуваат луѓе? Тоа го прочитав можеби грeшам, или 15 милиони денари за вработувања во општина Гази Баба? Или 11 милиони за во општина Ѓорче Петров, од една страна велиме дека мора да се скратат парите, а денеска гледаме дека има нови договори.

Мисајловски додава дека тоа не е реална слика, не е фер кон сите граѓани на оваа држава.

-ВМРО-ДПМНЕ дава одлични предлози и мерки коишто треба да се спроведат, и стои на располагање на владата, но граѓаните треба да ја знаат реалната слика затоа што се соочуваме со ситуација со недостаток на ракавици и опрема за медицинскиот кадар, истакна Мисалјовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This