Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ce сpeтнa со евроамбасадорот Гир, бeшe зaпoзнaeн co лoшoтo влaдeeњe нa влacтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес, имавме средба со неговата екселенција, евроамбасадорот Дејвид Гир со кој што разговаравме за актуелните случувања и предизвици со кои што се соочува Собранието на Република Македонија, ние како пратеничка група во овој Парламентарен дом, но и државата во целост, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Никола Мицевски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-На оваа средба разговаравме и стана збор за лошата економска состојба во Република Македонија, задолжувањето на државата, КОВИД кризата и предизвиците од неа односно лошото справување на Владата со последиците од КОВИД кризата. Исто така, разговаравме за пописот и други актуелни теми во самото Собрание, злоупотребата на европското знаменце, како и скратената постапка на законските решенија кои што стигнуваат во Собранието на Република Македонија. На самата средба беше изразена желба да се помогне во одредени процеси со нивна поддршка за придвижување на дијалогот помеѓу политичките субјекти од власта и опозицијата и надминување на проблемите по одредени состојби кои што ги имаме, вели Мицевски.

Тој додава дека дадовме свои видувања и укажавме дека досега дадовме целосна поддршка за многу важни законски решенија кои што влегоа во Собранието од делот на економијата, мерките кои што беа во интерес на граѓаните и на стопанството, како и поддршка за законите за решавање на проблемите со пандемијата, но од друга страна укажавме и дека нема да седиме со скрстени раце кога во Собранието на Република Македонија влегуваат сомнителни, неквалитетни и коруптивни законски решенија за кои што опозицијата има свои забелешки.

-Сметам дека средбата помина во најдобар ред, ова е прва официјална средба со неговата екселенција, амбасадорот Дејвид Гир. Се надеваме на понатамошна заедничка и плодна соработка во сите сегменти, вели Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This