МИЦКОВСКИ: Срамота сте, драги мои скендeрбегчиња!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најскапиот проект од културата поддржан од Министерството за култура со безобразни 6,5 милиони денари е операта „Скендербег“ поставена во Македонската опера и балет (МОБ). За операта „Скендербег“ МОБ по вторпат доби пари од Министерството за култура – лани во август, надвор од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата на „Скендербег“ му беа доделени 3 милиони денари, за годинава, по шест месеци, но во рамките на Годшината програма за истата опера беа изделени уште 3,5 милиони. Според резултатите од конкурсот објавен на страницата на Министерството, за оваа опера МОБ побарала 5 милиони денари, а добила 3,5 милиони денари.

Министерството за култура за „Скендербег“ во август 2018 година издели 3 милиони денари, кои не беа предвидени во буџетот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година. Министерот за култура Асаф Адеми на крајот на јули на својот профил на Фејсбук објави дека „годинава ‘Славниот Ноември’ ќе биде поинаков“.

Овој пат ќе се одбележи на достоинствен начин и со институционална поддршка на албанските уметнички и културни вредности! Во пресрет на 550-годишнината од смртта на националниот херој, Ѓ.К. Скендербег, потпишав одлука на 28 ноември оваа година, во Големата сала за опера и балет да биде претставена премиерата на операта ‘Скендербег’. Честито!“, напиша Адеми на Фејсбук.

На етничкото превагнување наспроти квалитетот реагира и новинарот Ивор Мицковски.

Операта Скендербег по 3 мил. лани, годинава доби уште 3,5 милиони, и е најскап проект годинава.
Од друга страна, одбиен е проектот на еден од најдобрите светски тенори, инаку и наш Амбасадор на културата.
Наши светски луѓе, кои по цела година патуваат и насекаде гостуваат, кај оделуваат време и енергија за проекти дома, да ни го донесат светот и искуствата стекнати на највисоко ниво, кај вие ги бркате.
Срамота сте драги мои скендeрбегчиња.

Операта Скендербег по 3 мил. лани, годинава доби уште 3,5 милиони, и е најскап проект годинава.Од друга страна, одбиен…

Posted by Ivor Mickovski on Friday, February 8, 2019

Автор на операта е Фатос Лумани, а режисер Ќендрим Рихани. Во операта настапуваат истакнати уметници од Албанија: Армандо Клоѓери, Армандо Лика, Фаик Хондози и албанската оперска пејачка со светска кариера Инва Мула.

Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа сите пристигнати пријави по одделни дејности се: Леонора Сејдиу (интердисциплинарна дејност), Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност), Бертон Сулејмани (издавачка дејност), Петар Арсовски (драмска дејност), Трајче Блажевски (визуелни уметности), Миле Велчовски (недвижно културно наследство), Мила Шурбановска (музејска дејност и нематеријално културно наследство) и Вилдане Идризи (библиотечна дејност).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This