April 23, 2024, 12:04 pm

МИЦКОСКИ:ВМРО-ДПМНЕ стана полноправна членка на ЦДИ-ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите во меѓународниот свет со дипломатски чекори секогаш водејќи сметка за националните и државните позиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ денес на самитот во Будимпешта стана полноправна членка на Центристичката Демократска Интернационала која е светска организација на десни политички партии. Ова е значајно меѓународно признание и успех на партијата на кој што макотрпно работевме изминативе два месеци, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-По членството во европската народна партија (ЕПП) каде ВМРО-ДПМНЕ е членка, партијата стана член и во Центристичката Демократска Интернационала каде членуваат партии од Европската Народна Партија но и други десничарски партии од другите делови на светот. Тоа е организација на влијателни политичари на светско ниво, и е огромна шанса за стекнување на многу нови пријателства за ВМРО-ДПМНЕ и за заштита на државните и националните интереси на Република Македонија. Ова е организација каде Претседател на ЦДИ е Андрес Пастарана- Поранешен Претседател на Колумбија, Генерален Секретар е Антонио Лопез Истуриз кој истата функција ја извршува и во Европската народна партија, Потпретседатели се: Маријано Рахој-Премиерот на Шпанија, Виктор Орбан- Премиерот на Унгарија, Марио Давид од Португалија, додека почесни претседатели се Хозе Марија Азнар-поранешен Премиер на Шпанија и Пиер Фернинандо Касани Поранешен Претседател на Парламентот на Италија. Ова е друштво и во кој се Јанез Јанша како и Жозеф Дол Претседателот на ЕНП е Претседател за Европа на ЦДИ, рече тој.

Мицкоски потенцира дека во моментот се одвива самитот на ЦДИ во Будимпешта каде присуствува потпретседателот Александар Николоски кој имаше излагање во однос на членството и кандидатурата на ВМРО-ДПМНЕ во оваа организација.

-ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите во меѓународниот свет со дипломатски чекори, разумни и принципиелни позиции и ставови и секогаш водејќи сметка за националните и државните позиции. Ова е доказ дека Република Македонија има пријатели, и дека се можни меѓународни успеси, со зачувано достоинство, и со силна визија за развој на нашата држава. Приемот во организацијата е и заслуга за сите наши меѓународни пријатели. Членството во ИДС ќе биде искористено за зголемено влијание на ВМРО-ДПМНЕ во меѓународните односи, и лобирање за државните интереси членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО алијансата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This