March 28, 2024, 10:28 am

Мицкоски: Гледате како Заев бара 30 дена вонредна состојба, а другиот ден бара брзи избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување во емисијата „Клан Дебата“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека барањата на Заев создаваат конфузија кај граѓаните бидејќи прво бара вонредна состојба, а веќе другиот ден бара избори. Со ваквите негови несериозни изјави посочува Мицкоски, создава одбивност кај граѓаните кои велат дека за политичарите најважна е фотелјата.

-Вие не можете да барате вонредна состојба 30 дена, а од друга страна да барате избори. Не е чесно, не е во духот човештвото и не е во духот на демократијата. Не можете на тој начин да настапувате пред граѓаните, не сте сериозни, настрана што они може да не обвинат и политиканство да тераат, и стратегија политиканска, ваква или таква, тоа е нивно. Но во очите на граѓаните, чувството кај граѓаните, го гледаат како бара 30 дена вонредна состојба, следната негова изјава избори час посокоро. И веднаш се создава конфузија и тој човек кога ќе се соочи со ваква изјава на полтичар кој што во едниот момент вели дека нешто не е во ред со нашата околина, а од друга страна бара избори, логично е да се создаде одбивност и да рече види ги овие политичарите на сите им е до фотелјите, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This