March 29, 2024, 12:19 pm

Мицкоски: Договорите за добрососедство треба да се двонасочна улица, не едностран акт како оној со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер Христијан Мицкоски, во вечерашната емисија „360степени“ на телевизија Алсат, потенцираше дека добрососедските односи треба да бидат двонасочна улица, а не едностран акт како што е договорот со источниот сосед.

-Суштината на доброседските односи е тие да бидат двонасочна улица, ако мене некој ми го оспорува правото на мајчин македонски јазик, ако мене некој ми вели дека моите историски јунаци врз основа на кои јас ја темелам мојата независност, државност, тогаш тој не е честит, искрен и добар сосед, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски рече дека нема што да додаде или да одземе од досегашните ставови во врска со јазикот или со историските личности коишто значат државност.

-Се надевам дека прогресивните струи кај нашиот источен сосед ќе проработат во насока на прифаќање на историските факти за оние личности од историјата кои биле, што биле и какво дело носат со себе, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека направена е клучна грешка со дополнително прифаќање на работи и сега затоа се наоѓаме во ситуација за да бидеме под притисок и под уцена од нашиот источен сосед.

-Ние мораме да најдеме начин да ги решиме овие работи на разумно ниво, без оспорување од било која страна, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This