МИЦКОСКИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Јас на референдумот ќе гласам против

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека премиерот Зоран Заев потпишал капитулација со договорот со Грција и дека на евентуален референдум за промена на името ќе гласа против. Тој кажа дека опозицијата не била вклучена во процесот и дека Заев ги монополизирал преговорите.

„Јас како Христијан Мицкоски ќе гласам против на тој таканарачен референдум. Претседателот на Владата поради неговата неспособност да ги води преговорите како што треба потпиша капитулација и ги прифати сите барања на Грција. Ако не ми верувате мене отворете ги грчките медиуми каде детално е опишано што се е прифатено и Заев тоа шверцерски се обиде да го протне како успех“, рече Мицковски.

„ВМРО-ДПМНЕ не остапува од својот став дека нема да поддржи уставни промени со цел промена на уставното име“, рече Мицкоски.

„Колку и да изгледаше среќно Заев, насмеан, гледајќи од далеку, ова е пораз.Прифаќањето на таканаречениот договор значи прифаќање на сите барања на Грција. Таканаречениот договор кој предвидува и внатрешна употреба на новото име, е договор за капитулација“, рече лидерот на опозицијата веднаш откако Заев во Скопје и Ципрас во Атина соопштија што се договориле.

Тој кажа дека е подготвен уште утре да оди на предвремени избори.

Мицкоски побара референдумот да биде задолжителен, а не консултативен и побара да се разјасни кој има надлежност во потпишување вакви договори, дали Владата или Претседателот на државата.

Претходно на прес конференцијата во Владата Заев кажа дека денеска го информирал лидерот на опозицијата за постигнатиот договор, но дека тој не бил тука и дека деновиве ќе му го достави текстот на договорот на увид.

Мицкоски рече дека имал обрски, но ќе остане во државата за да му биде доставен договорот на увид.

Заев рече дека заедно со министерот за надворешни работи за утре побарале средба со претседателот Ѓорге Иванов, а дека веќе во четврток Владата треба да донесе одлука за прифаќање на договорот.

„Планот е во четврток на Влада да донесеме одлука за овој договор и согласно тоа се надеваме дека викендов ќе може да организираме средба. Беше најавено дека тоа ќе биде Преспа, се уште тоа не е утврдено. Планираме тоа до понеделник да го завршиме. Секако референдумот е планиран есента, а по успешен референдум ќе следат уставни измени, а потоа грчкиот парламет да го ратификува и договорот“, кажа Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This