Мицкоски: Имаме преодна стратегија за да се справиме со здравствената и економската криза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Топ тема на телевизија Телма, посочи дека граѓаните ги интересира кој ќе понуди политика која што ќе значи побрзо исправување и излегување од економската криза во која што се наоѓаме денеска.

-Многу внимателно го составувавме економскиот дел од програмата и имаме точна методологија. Имаме разлика во кое што не можам да се сложам со вас, а тоа е граѓаните ги интересира, но сите се свесни дека ќе биде тешко и нив ги интересира колку побрзо ќе излеземе од оваа тешко. Затоа што едно е рецесија, друго е економска депресија. Многу е лошо ако влеземе во депресија а натаму одиме, проблемот е добро ќе се случи рецесија еден, втор трет квартал, но потоа да имаме раст. Проблемот е ако влеземе во економска депресија кое ќе трае подолг период, и граѓаните тоа ги интересира кој ќе понуди политика и кој ќе ги убеди дека неговата политика е онаа исправната за побрзо да излеземе од оваа криза во која се наоѓаме денеска, вели Мицкоски.

Мицкоски рече дека покрај преодната стратегија за излегување од здравствената криза, ВМРО-ДПМНЕ има стратегија и за образованието и за излегување од економската криза.

-Имаме преодна стратегија. Таа преодна стратегија ја презентиравме во јавноста и покрај справувањето со здравствената криза, ние имаме и како во образованието што многу е важно луѓето да добијат соодветно образование, ова што се случуваше сега не беше ни обид. Туку беше ете колку да се приврши на крај учебната година на сила. Дури потоа доаѓаат оние економски политики за кои што ние зборуваме. Еве ние со бизнис заедницата цело време разговараме, они се тотално западнати во економска депресија и во една агонија во која што не гледаат спас. Буквално вчера имав разговори и со синдикатите, конфедерација на слободни синдикати, со регионална стопанска комора во Прилеп, луѓето не очекуваат чуда, но очекуваат барем побрзо да излеземе од овој период. Ако излеземе побргу како што е нашиот план и нашите мерки кои што ги предлагаме тогаш да ќе имаме обезбедени плати и за администрацијата и да ќе имаме доволно пари и за покачувањата на платите, покачувањата на пензиите и реализација на сите капитални инвестиции. Само треба да направите спротивно, од тоа што го прави оваа влада. Доволно е затоа што сето ова што го правеше е спротивно или анти теорија во економијата, кажа Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This