МИЦКОСКИ ОДГОВАРАШЕ НА ПРАШАЊА ВО ГОСТИВАР: Владата прави театар, а Заев главниот комедијант во случајот Груевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес присуствуваше на партиска трибина во Гостивар. Тој таму одговори на неколку новинарски прашања.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме:

Прашање: Би сакале коментар за последниве случувања.

Одговор: Па македонската јавност е сведок на еден театар кој што се случува веќе неколку дена. Кога не би било трагично, би било смешно. Државава повеќе или помалку започна да наликува на едно реално шоу во кој што главен актер е Претседателот на Владата на Република Македонија. Не вешто обидувајќи се да глуми комедијант,а на моменти да глуми некоја друга ролја во таа театарска претстава или тоа реално шоу. Така што навистина апелирам до Владата на Република Македонија, до Претседателот на Владата конечно да се вразуми, да сфати дека е Претседател на Владата на Република Македонија и илјадници животи зависат практично од неговото однесување затоа што сето ова што го прави не само што не ја води Македонија во добра насока туку напротив ја води во комплетно во погрешна насока. И ќе остави последици кои што мислам и стравувам и загрижен сум дека многу тешко генерации идните политичари ќе можат да ги санираат.

Прашање: Како го оценувате бегството на Груевски во Будимпешта? Дали тој според вас е нова комедија која што ја кажавте?

Одговор: Јас напишав статус на социјалните мрежи на мојот Фејсбук профил и би кажал и покрај фактот што и се уште стојам на фактот дека господинот Груевски има и голем број други поранешни функционери но и сегашни следат и избори во рамките на Европската Унија времето ни е уште пократко апелирам да се седне да се отворат сите оние неопходни реформи кои што на крајот од денот ќе значат Македонија да успее. Бидејќи и тогаш кажав еве и сега ќе повторам немам фрустрации никакви и како човек и како политичар, пред се грижам како граѓанин на оваа држава, за доброто на граѓаните на оваа држава затоа што на крајот од денот повторно ќе кажам од тие реформи во напредокот на Македонија зависи дали граѓаните ќе живеат подобро, дали ќе имаат поквалитетен живот или ќе немаат. Ова што денеска се случува е комплетно спротивно на она што го зборувам, самобендисаноста на овие глумци во ова реално шоу и овој театар навистина не води во една погрешна насока, за жал.

Прашање: На овој театар која е целта, ако е театар?

Одговор: Па ќе треба режисерот и глумците да ги прашате, навистина не би знаел што да ви одговорам

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This