April 27, 2024, 12:46 am

МИЦКОСКИ ОД ПЕХЧЕВО:Единствениот непријател на државата е токму Зоран Заев кој на маса донесе капитулантски договор со Грција со кој сака да се добие понижена Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штотуку завршив со средбата на граѓани во Пехчево. Остварив средби со десетици и десетици граѓани и никаде не видов непријатели, иако Заев изјавува и ги дели граѓаните на непријатели и оние кои биле пријатели. Единствениот непријател на државата е токму Зоран Заев кој на маса донесе капитулантски договор со Грција со кој сака да се добие понижена Македонија, со одземен идентитет, име, историја, човек кој остава пустош и сиромаштија, пишува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по денешната посета на Пехчево.

 

– Година и половина се на власт и нема веќе никакво оправдување за немањето на резултати во ниту една сфера и област. Ветуваа живот, сега ветуваат иднина, ниту граѓаните живот добија, ниту иднина ќе дојде, и не е проблемот само во договорот со Грција, проблемот се овие луѓе со кои Македонија губи и доживува порази. На Македонија и требаат победи. Во Македонија не треба ниту камшици за народот, ниту граѓаните се непријатели, потребна е сигурност и зачувување на достоинството, и лидерство осмовано на принципи. Само така ќе одиме напред и Македонија ќе победи!, додава Мицкоски.

Штотуку завршив со средбата на граѓани во Пехчево. Остварив средби со десетици и десетици граѓани и никаде не видов…

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, September 15, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This