April 26, 2024, 11:22 am

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Заедно и сплотени можеме да изградиме држава во која нашите деца ќе сакаат да живеат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ на сите верници од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам.

Ви посакувам добро здравје, среќа, мир и благосостојба во вашите домови. Денешниот празник не учи на хуманост, меѓусебно помагање и почит еден кон друг. Традицијата е она што не обединува, а не што не разделува, со векови христијаните и муслиманите живееле на овие простори и заеднички празнувале, се радувале, но и тагувале. Треба и да продолжиме понатаму градејќи заедничка иднина за Македонија. Само заедно и сплотени можеме да изградиме држава во која нашите деца ќе сакаат да живеат, наместо среќата да ја бараат што подалеку од своето родно огниште, вели Мицкоски во честитката за Рамазан Бајрам.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ живееме во тешки времиња кога целиот свет се справува со светска пандемија, сите граѓани без разлика на верската и етничката припадност го споделуваат тешкиот живот.

Покрај здравствената криза имаме и тешка економска криза, и силна ерозија на моралните вредности. Живееме во време кога правдата не е достижна, кога власта е прва во рекетот, наместо справување со него, кога наместо едно општество за сите, прави поделби, внесува раздор и прави дискриминација. Делиме исти маки, исти проблеми, една заедничка судбина, и затоа одлуките ќе ги донесеме заеднички и заеднички ќе се избориме за обнова и подобра иднина. Уште еднаш од се срце Ви посакувам овие празнични мигови и денешниот ден да Ви донесат среќа и благосостојба на вам и вашите семејства, се вели во честитката на Мицкоски за Рамазан Бајрам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This