МИЦОТАКИС НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ ИДНИОТ ПРЕМИЕР НА ГРЦИЈА: Неа Демократија води со речиси 10 проценти пред Сириза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Договорот од Преспа е на шестото место меѓу факторите кои би имале влијание врз гласањето на Грците на претстојните евроизбори во недела според истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Капа Research“ за весникот „Етнос“, јави дописничката на МИА од Атина.

На анкетираните им биле понудени 13 конкретни одговори, од кои требало да изберат најмногу пет во однос на факторите кои би влијаеле на денот на гласањето.

„Разврската во скопското прашање и Договорот од Преспа“ е на средината на листата со 29%.

За повеќе од половина испитаници (52%), најголемо влијание има економската ситуација на земјата, текот на Грција во Европа е вториот најважен фактор (40%), а потоа следат бегалцкото/ мигпантското прашање (35%), личната идеологија (35%), текот на ЕУ и ппедизвиците со кои што се соочува (32%), па дури потоа е Договорот од Преспа.

Во однос на распоредот на силите на грчката политичка сцена во пресрет на европските избори според истражувањето објавено во денешното издание на весникот „Етнос“, опозициската Нова демократија има предност од 3.4% во однос на владејачката СИРИЗА.

Во анкетата на агенцијата „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Алфа“ разликата меѓу двете партии е двојно поголема од онаа објавена во „Етнос“ и изнесува 7.2%

Она што е заедничко за двете последно објавени анкети е дека ќе се води тесна битка за третата позиција меѓу Движењето на промена и Златна зора. Разликата меѓу овие две партии е само 0.6%. Според истражувањето за „Етнос“, Златна зора е на третата позиција (6.9%), а според она за ТВ „Алфа“, Движење на промена (5.6%).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This