March 29, 2024, 12:13 pm

Мишел Обама сподели дека имала спонтан абортус и дека двата пати забременила со инвитро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мишел Обама се отвори за личниот живот, поконкретно за тешкиот пат до мајчинството.

Поранешната прва дама на САД во интервју за ABC отворено зборуваше за кошмарот на секоја жена – спонтан абортус. Мишел пред 20 години доживеала спонтан абортус додека била во првиот триместар од бременоста.

„Се чувствував изгубена и осамена и се чувствував како да потфрлив, затоа што не знаев колку чести се спонтаните абортуси, бидејќи не зборуваме за нив. Седиме во нашата болка, мислејќи си дека на некаков начин сме скршени. Тоа е една од причините што сметам дека е важно да зборуваме со млади мајки за фактот дека спонтаните абортуси се случуваат“ – изјави таа.

Исто така, 54-годишната адвокатка и писателка призна дека кога била во средината на 30-тите години сфатила дека биолошкиот часовник е реалност. „Биолошкиот часовник е реален. Продукцијата на јајце клетки е ограничена. Го сфатив тоа кога имав 34 и 35 години. Моравме да направиме инвитро оплодување. Мислам дека најлошото нешто што си го правиме како жени е што не ја споделуваме вистината за нашите тела, за тоа како работат и како не работат“ – сподели таа.

Благодарение на инвитро, Мишел и Барак ги добија ќерките Малија и Саша.

Мишел ја подигна завесата на приватниот живот во мемоарот „Becoming“, кој ќе биде пуштен во продажба овој месец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This