Мијалков донесен во суд со специјалци, со задоцнување од еден час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со задоцнување од еден час и 15 минути, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, од истражниот затвор “Скопје” беше спроведен во Кривичниот суд, за рочиштето “Титаник 2”.

Неговиот спровод доцнеше бидејќи во саботата на Мијалков му беше одреден притвор од 30 дена за случајот “Империја”, а од судот дури утринава испратиле наредба до затворот за да го донесат.

Мијалков како и претходната недела и денеска беше донесен со затворско комбе, во придружба на три полициски возила полни со специјалци.

Во судница, пак, денес ги нема неговите телохранители, кои присуствуваа како јавност на судењето за “Трезор”.

На денешното рочиште за случајот “Титаник 2” ќе сведочат сведоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This