МИЈАЛКОВ И ВЕРУШЕВСКИ СЕ ВО КОАЛИЦИЈА: „Bpaнa на вpaнa oчи не вaди“, а по денешното cвeдoчeње на Веруш тоа и се потврди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Врана на врана очи не вади“ – вака беше насловен еден од текстовите кои денес ги прочитав а во врска со денешното сведочење на Зоран Верушевски на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“. И, не би можел а стопроцентно да не се согласам со насловот на текстот, но морам да додадам уште една народна мудрост. Денес, Вершуевски и Мијалков извадија пушка и пукаа на „мртов Германец“

Фото: Слободен Печат

 

Ако на рочиштето пред две недели по истиот предмет Верушевски објаснуваше, а со тоа и речиси ги декласираше сите докази на СЈО во врска со предметите кои произлегуваат од нелегално прислушкуваните материјали, кои во облик на „бомби“, војаерски ги објавуваше Зоран Заев, денес професорот и советникот за безбедност на премиерот апсолутно го амнестираше Сашо Мијалков од било каква одговорност во случајот со нелегалното прислушкување.

Пет години макотрпна камања, милиони фрлени во пропаганда за да се демонизира ликот и делото на Сашо Мијалков, за денес Верушот да ги пушти низ вода. Да, низ вода во тоалетна шоља.

Ниту збор за претходното сведочење кога првиот разузнавач на премиерот објаснуваше дека токму Зоран Заев и неговата СДСМ „страотно ги модифицирале“ прислушкуваните разговори со што речиси ги ослободи сите обвинети од СЈО.

Наместо да одговори на прашањата кои му ги поставуваше обвинителката Ристовска, Верушевски држел предавања по безбедност. Ама, клучен беше моментот кога пукаа по „мртвиот Германец“ и тоа со празна пушка.

„Со тешко срце ќе го споменам оној што според мене требаше да биде првоосомничен, поранешниот премиер Никола Груевски. А, СЈО ќе треба да објасни зошто не е осомничен“, потенцираше Верушевски по молбата на судијата да ги именува луѓето за кои зборува, пренесува „Призма“.

И ваквото менување, односно игнорирање на претходното сведочење во истиот предмет за оние кои ги следат процесите не доаѓа со големо изненадување. Уште минатата недела премиерот Заев ја упати јавноста да слуша што има да каже Веруш во следното сведоштво, знаејќи дека „врана на врана очи не вади“, нели.

Е сега бил крив Груевски. Да, најлесно е така. Груевски не е тука, нема од што да се плашиш – удри.

Додека го пишував текстов беше објавена и реакција на порталот „Лидер“ која се повикува на високи извори во ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата гласи дека ако досега имало сомнеж дека Мијалков и Заев се во коалиција, денешното сведочење тоа го потврдува.

-Ако до денес имаше било каков сомнеж дека Сашо Мијалков е во соработка со Заеви, од денес нема ни најмала… Верушевски со двете сведочења и пред некоја недела и сега практично го амнестираше Сашо Мијалков за прислушувањето иако на сите им е јасно дека како екс директор на УБК одговорноста е диреткно негова. – вели за „Лидер“ високиот извор од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа и почеткот на текстот е „Врана на врана очи не вади“.

Мијалков беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што му се натовари дека во дослух со власта организирал 8-те пратеници од оваа партија да глсаат за промена на името.#

 

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This