Многу држави поразвиени од Македонија одлучија да го одложат пописот поради пандемијата, но власта е упорна да изврши политичка операција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целиот процес кој што започна со носењето на овој криминален Закон како што го насловивме ние, започна во еден период кога многу држави поразвиени од Република Македонија одлучија да го одложат пописот и да се соочат со реалноста, а тоа е пандемијата, здравствената и економска криза. Но, кај нас некако власта како и другите процеси во државата кои што во минатото гледавме на кој начин ги практикуваа и ги носеа, во однос на вакво прашање суштинско, комплексно прашање власта се одлучи на сила по скратена постапка во собраниска процедура да го протурнат“, рече Иван Јорданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Што не е јасно“.

Јорданов додаде дека додека Македонија се соочува со здравствена и економска криза, власта се дрзнува по скратена постапка да го протурка Законот за попис, со цел да во април да има политичка операција, наместо статистичка.

-Во време кога илјадници наши сограѓани ги губат своите работни места, во време кога илјадници наши сограѓани ги загубија своите животи, илјадници семејства се зацрнија, власта тогаш се дрзнува да се одлучи на еден ваков процес кој што верувајте нема да донесе ништо добро во државата, истакна Јорданов.

Јорданов посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата елаборираше зошто пописот не треба сега да се спроведе.

„За сите законски решенија, па и за пописот ставија европско знаменце и ја скратија постапката во два дена. Што само по себе дава одреден сомнеж. И тука ние во оваа фаза дадовме свои забелешки во форма на амандмани преку кои што сакавме да помогнеме“, појасни Јорданов.

Јорданов рече дека власта не ги усвои забелешките на опозицијата. Законот се донесе без да се има методологија како ќе се одвива самата операција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This