April 18, 2024, 10:30 am

Мнозинството граѓани сакаат промена во локалната самоуправа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чистотата, неефикасната комунална хигиена, нефункционирањето на водоводот и канализацијата, одржувањето на улиците, загадениот воздух, немањето доволно зелени површини… се главните проблеми со кои граѓаните се соочуваат на локално ниво, покажува истражувањето на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн. Ова истражување покажа дека на локално ниво напредок се забележува во подобрувањето на условите во градинките и училиштата, а најголемо назадување има кај урбанистичкото планирање, хигиената на јавните површини и условите за спорт и рекреација.

Истражувањето е спроведено од 18 до 23 јуни на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Половина од испитаниците или 52,2% ја оценуваат работата на локалната самоуправа како неуспешна, а една четвртина од испитаниците или 26,3% работата на локалната самоуправа ја оценија како успешна.

Неопходни се промени и во локалното владеење, 55,4% од испитаниците сметаат дека раководството на општината треба да се промени, а 26,7 отсто од испитаниците сметаат дека нема потреба од промена на локалните раководства.

Анкетирањето беше спроведено во периодот од 18 јуни до 23 јуни со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: +-3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населението од Државниот завод за статистика од 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This