МОБИНГ ВО МНР: Македонскиот дипломатски синдикат со жестоки критики за Димитров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последните години, дисциплински постапки во МНР се спроведуваат, речиси исклучиво, против членовите на Македонскиот дипломатски синдикат и неговото раководство. Селективно и таргетирано, постапките се спроведуваат со цел да се заплашат или што е можно повеќе тормозат нашите членови, само поради тоа што нашите залагања за почитување на работните права, дигнитетот на вработените и угледот на дипломатската професија од страна на министерот и неговиот кабинет се видени како закана за нив.

Дали поради желбата да “не се таласа” во предизборниот период или согледувањето дека за ниту еден од случаите не постојат валидни правни аргументи, деновиве започна нов тренд на прекинување и одложување на дисциплинските постапки, под различни изговори. Така, стигнавме во апсурдна ситуација, обвинетите да инсистираат на довршување на постапките со цел да го исперат своето име од неаргументирани напади, а обвинителите да бегаат.

Уште еднаш упатуваме апел до министерот да прекине со поделбите на “наши” и “ваши” и да престане да го раскинува дипломатското ткиво во МНР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This