МОБИНГ НА РАБОТНО МЕСТО БИДЕЈЌИ ПОВИКУВАЛ НА БОЈКОТ: Прилепчанец заработи кривична пријава бидејќи повикува на бојкот и пишува за лошите услови на работа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Даниел Јошески, вработен во Јавното претпријатие „Комуналец“ во Прилеп, добил покана да се јави кај јавен обвинител во ОЈО Прилеп, откако на социјалните мрежи ги критикувал условите за работа во претпријатието

 

Откако на својот ФБ профил објавил фотографии од катастрофалните услови за работа во претпријатието, прилепчанецот Даниел Јошески се соочил со низа на закани од претпоставените, со барања да бидат повлечени објавите. 

Бидејќи одбил да ги повлече објавите, Јошевски се сомнева дека директорот на претпријатието во обид да го замолчи побарал интервенција од јавното обвинителство, кое пак му испратило покана за да даде „одредени известувања“ пред јавен обвинител. 

Претходно, информира Јошевски, тој неколкупати бил повикуван и во полициска станица на информативни разговори откако своја изјава за случувањата во јавното претпријатие зборувал и на телевизија. Јошевски за Инфомакс додава дека се работи за класичен политички реваншизам, и мобинг на работно место, особено поради фактот што тој има мало пет месечно бебе за кое треба да се грижи.

Јошески инаку на социјалните мрежи јавно повикува на бојкот на претстојниот референдум, факт кој го смета за дополнителна причина за притисок и закани од претпоставените кадри поставени од владејачката партија.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This