МОГЕРИНИ: До јуни да почнат пристапните преговори на ЕУ со Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави денеска дека очекува Европската комисија да даде безусловна препорака за почеток на пристапни преговори со Албанија во следните два до три месеци.

Таа на седницата на Европарламентот во Брисел истакна дека Албанија постигнала напредок пред се во областа на реформите во судството и надворешната политика, но и дека пристапувањето би било корисно не само од економски причини, туку и поради „помирување на балканскиот регион“.

Притоа Могерини му порача на албанскиот премиер Еди Рама дека земјата се движи во вистинска насока и предупреди на потребата за продолжување на реформите.

Рама, од своја страна, истакна дека е смешно Албанија да се претстави како „регионална престолнина на криминалот“.

Тој призна дека се уште постојат проблеми кои се однесуваат на организираниот криминал, корупцијата и изградба на институциите, но оти земјата сега е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This