МОЌЕН ГОВОР НА ИЛИЕВСКИ: Паднаа маските, целото сценарио им е јасно на сите – нема да ви помине

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку дена еден коалиционен партнер на Зоран Заев и потписник на Тиранската платформа го негираше постоењето на Македонскиот народ. Зијадин Села го негираше постоењето на македонската нација, химна и знаме. Тоа е лицето на албанската платформа и ниту една маска на Заев во голата борба за власт нема да ги излаже граѓаните. Паднаа маските. Вистината излезе на виделина. Целото сценарио им е јасно на сите, истакна вечерва во својот говор пред Собранието, Богдан Илиевски од За Заедничка Македонија.

17310585_10154944658645499_1658635250_o

-Почитувани граѓани на Заедничка Македонија, пред неколку дена пратеничката Месила Дода нарекувајќи ја Македонија стара албанска покраина Илирида најави референдум за независност на Илирида доколку не била спроведена тиранската платформа која неодговорни политичари безусловно ја прифатија без да мислат на иднината на земјата и пандорината кутија која ја отвараат. Или уште пострашно, знаеле во што влегуваат, но не им било важно бидејќи се што сакаат е да се доберат до власта, рече Илиевски.

Тој наглси дека не сите гласачи на СДСМ се како нивниот лидер кој качен на платформата за разнебитување на Македонија сака да ја води државата.

-Многумина од нив, патриоти кои ја сакаат Македонија исто како и сите ние, се повеќе и повеќе секој еден ден гледаат што се случува, јасно им е целото сценарио и не го поддржуваат антидржавниот став на Заев и компањоните. Не се сите неподдржувачи на власта поддржувачи на тиранската платформа. Никој не смее да го помисли тоа, рече Илиевски.

17269223_10154944558375499_1590694240_o

Илиевски подвлече дека никој не смее да помисли и дека сите Албанци, ниту пак мнозинството Албанци се Зијадин Села или Месила Дода, која пак е коалиционен партнер на Еди Рама, авторот на тиранската платформа. Никој не смее да помисли дека сите Бугари размислуваат како пратениците Џамбаски и Ковачев кои решија да го бришат македонското малцинство од Албанија и да го нарекуваат Бугарско. Никој не смее да помисли дека сите Срби размислуваат како политичарите од Србија кои нашата земја ја нарекуваат БЈРМ. Никој не смее да помисли дека сите Грци ја мразат Македонија.

-Исто така никој не смее да помисли дека Македонец кој мрази цели етникуми поради неодговорни поединци од другите етникуми ги претставува „сите Македонци“. Не, тој ја претставува само омразата во себе и на тие околу себе. Но секој има одговорност во овие историски моменти јасно и гласно да ги посочи таквите неодговорни лица и нивните луди изјави, да ги осуди и да се дистанцира од нив. Да дојде тука, меѓу нас, меѓу сите кои не сакаат поделби, федерализација и промена на сонцето кое ги грее сите подеднакво, јазикот на кој сите се разбираат, химната на војводите кои го напишале крушевскиот манифест, манифест на толеранцијата и соживотот со комшиите, манифест на обединување пред злото кое не демне сите, рече Илиевски.

17311434_10154944565925499_796912277_o

Секој човек, нагласи тој, без разлика на политичката определба или етносот, има одговорност да застане против политиките на поделби и политиките кои никогаш не носеле добро на Балканите.

-Секој човек мора да ги осуди иредентистичките изјави на политичарите кои отворено кажуваат дека сакаат да ја делат Македонија. И секој човек тоа треба да го направи без страв, бидејќи помина времето на страв. Помина времето кога можеа да не заплашуваат. Помина времето кога им проаѓаа насилничките методи со кои спроведуваат свои агенди. Овде живее горд народ, силен народ, одлучен народ кој со исправена кичма кажува: некои прашања не заслужуваат дебата, бидејќи имаат јасен и гласен одговор. Не за никакви платформи кои ја уништуваат земјата, да за македонска платформа која ќе ги брани интересите на сите граѓани на Македонија. Не за федерализација и двонационална држава, да за Заедничка Македонија на сите граѓани кои живеат во оваа земја и и мислат добро, рече Илиевски и порача:

Нема да ви помине. Црвено-жолтата линија нема да ја поминете. Да живее Заедничка Македонија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This