Му работел позади грб: Бајден водел тајни преговари со американски нeпријател додека траел мандатот на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членови на тимот на новиот американски претседател Џо Бајден преговарале со Иран за нуклеарниот договор додека се уште траел мандатот на Доналд Трамп. Тајните преговори со лутиот американски непријател биле водени во Њујорк, пренесува француски Фигаро.

Според неименуваните извори блиски до „моќни кругови во Техеран“, преговорите на тимот на Бајден и претставниците на Иран траат веќе три недели.

– Разговорите се водени во Њујорк меѓу Маџид Тахт Раванчи, иранскиот претставник во ОН и членови на тимот на Бајден. Наскоро ќе дознаеме дали беа успешни, рекол изворот на Фигаро.

Според Фигаро големите европски земји, како Франција, Велика Британија и Германија, не биле запознаени со тие разговори.

Администрацијата на Трамп беше во многу лоши односи со Иран, а иранскиот претседател Хасан Рохани на денот на инаугурацијата на Бајден го повика новиот американски претседател да ги врати САД во нуклеарниот договор. Техеран изрази подготвеност „во целост да ги почитува одредбите од договорот доколку администрацијата на Бајден е подготвена на исто и доколку е подготвена да се врати, без поставување на нови услови“.

Прочитајте и… После Фајзер и АстраЗенека со лоши вести: Испораките на вакцината за ЕУ ќе бидат помали од предвиденото
САД се повлекоа од тој договор во 2018 година, а Иран тогаш на западните земји им даде рок од една година да направат механизми за да бидат избегнати американски санкции. Бидејќи тоа не успеа, Техеран соопшти дека се откажува од некои одредби на договорот, но дека нема намера да развива нуклеарно наоружување. Исто така, Иран наведе дека е подготвен да се врати на договорот кога и САД ќе го направат истото.

Нуклеарниот договор во 2015 година го потпишаа Иран, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција, Германија и Европската унија.

Извор: Србијаданас

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This