НАВЕДЕТЕ ГИ ВО CV: Четири вештини кои ќе го воодушеват секој работодавец!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако моментално сте во потрага по работа или сакате да го промените работното место, овие совети би можеле прилично да ви користат.

Ирската страница за понуда и барање работа „Jobs.ie“, открила кои вештини речиси секој работодавец ги посакува од потенционалниот вработен.

Со цел следниот разговор за работа да ви помине одлично, ве советуваме да се обидете да покажете дека ги поседувате следните четири карактеристики.

Мотивираност

„Кога работодавецот гледа дека сте мотивирани за работа, можноста за да ве вработи инстантно е отворена“, вели Кристофер Паје, главниот менаџер на „Jobs.ie“ страницата. Потрудете се околу своето CV, дојдете навреме, наспијте се и покажете дека многу ја сакате понудената работа.

Флексибилност

Доколку покажете дека сте подготвени за прилагодување на одредени новости, поинакво работно место, работно време и слично, на сите ќе им дадете до знаење дека работата е ваш приоритет и дека ја сфаќате многу сериозно. Ако на пример, сте се селеле поради работа, секако тоа наведете го за време на разговорот за работа.
Посветеност на деталите

Потрудете се да изработите совршенo CV. Во него нема простор за граматички грешки, непотребни работи или погрешна емаил адреса. „Ако забележам граматичка грешка во CV, веднаш го фрлам во ѓубре, без оглед на останатите работи. Ако некој достојно не се потрудил околу вакви ситници, какви грешки би правел пак на работа?“, истакнува Кристофер.
Отвореност и комуникативност

Секој работодавец сака да има вработен кој е подготвен на отворена комуникација со колегите, кој се труди да се поврзе со важни луѓе и кој, пред сè има почит кон сите. Добрата волја и пристојност исто така секогаш се повеќе од добредојдени, како во работното опкружување, така и во животот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This