НАМЕСТО КАНАЛИЗАЦИЈА И БЕЗ ВОДА ОСТАНАА: Неиспpaвна вода за пиење на неколку места во Општина Арачиново

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ЦЈЗ Скопје известуваат дека неколку примероци на мостра вода не одговараат на законските и стручни прописи.

– Водата за пиење од чешма на пат за с.Грушино, општина Арачиново, не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемена концентрација на железо, намалена PH вредности зголемена електроспроводливост.

-Водите за пиење од чешма сред село Грушино, Јајовска чешма во с.Грушино, чешма во дол на крај на с.Грушино, Акиева чешма во дол на с.Грушино, чешма во WC во ОУ во с.Грушино и чешма под школото во с.Орланци (општина Арачиново) не одговараат на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.

-Водите за пиење од чешма во џамија во с.Грушино и чешма на пат за с.Мојанци (општина Арачиново) не одговараат на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колонии на 37 степени целзиусови.

– Водата за пиење од Селимова чешма во с.Грушино (општина Арачиново), не одговара на правилникот за безбедност на водата заради најверојатен број колиформни бактерии.

-Водата за пиење од чешма во ОУ во с.Мојанци (општина Арачиново) не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број колиформни бактерии.

Од ЦЈЗ Скопје известуваат и дека четири примероци на вода за пиење не одговараат на законските и стручни прописи во однос на бактериолошката и физичко – хемиската анализа заради:

– Вода за пиење – примерок 3 – диспензер автомат за вода Johnson Matthey – Скопје, нехлорирана вода заради зголемен вкупен број на бактерии во 1 ml на 22 и 37 степени целзиусови и присуство на Pseudomonas Aeruginosa.

Вода за пиење – примерок PMG salts – туш машка гардероба Johnson Matthey – Скопје, хлорирана вода заради зголемен вкупен број на бактерии во 1 ml на 22 и 37 степени целзиусови и присуство на Pseudomonas Aeruginosa.

-Вода за пиење – примерок 9 – чешма кујна 4 м во Johnson Matthey – Скопје, хлорирана вода заради зголемен број на бактерии во 1 ml на 37 степени целзиусови и присуство на мувла.

-Вода за пиење – бушен бунар во с.Семениште (општина Сарај), сирова нехлорирана вода заради зголемен број на бактерии во 1 ml на 22 и 37 степени целзиусови, присуство на Pseudomonas Aeruginosa и зголемена содржина на амонијак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This