НАПДНАТ РУСКИ КОНЗУЛАТ ВО ХАРКОВ: Украински екстермисти фрлале факели во Рускиот конзулат во Харков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На митинг пред зградата на Генералниот конзулат на Русија присуствувале околу 50 лица, пренесува агенцијата УНИАН


Учесниците на митингот запалиле факели кои ги фрлале на зградата на дипломатското претставништво, поради што се запалила елката во дворот на Конзулатот. Демонстрантите го запалиле и руското знаме.

Учесниците на протестот барале од властите да се прекинат дипломатските односи со Москва, да се раскине договорот за заедничко користење на Азовското море и Керчкиот премин и да се национализираат руските претпријатија на територија на Украина, а барале и воведувањена визен режим за граѓаните на Русија.

Тоа е веќе трет инцидент кај руските дипломатски претставништва во Украина за помалку од 24 часа. Вчера екстремисти фрлале факели и димни бомби на Амбасадата на Русија во Киев, а во Лавов кај рускиот конзулат палеле гуми.

Акциите се поврзани со инцидентот со запленување на украински бродови кои ја преминале руската државна граница нелегално.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This