НАРАЧАТЕЛОТ НА УБИСТВОТО НА ЈАНУШЕВ БЛИЗОК ДО ВЛАСТА: Се уште се трага по убиецот на Јанушев, а не се знае дали ќе се стигне до вистинскиот нарачател, за кој се збори дека е близок до власта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешниот протест организиран од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пред граѓаните, кои се собраа околу 15.000, се обрати лидерот на партијата Никола Груевски. Тој напомена дека СДСМ доживеале кадровски дебакл со поставување на неспособни кадри на клучни позиции.

-Неправдата водеше кон друга неправда, насилниот избор на претседателот на Парламентот, со кршење на уставот, со кршење на законите за Собранието, со кршење на деловникот за работа, доведе и до обид за носење на неуставен закон за двојазичност на целата држава. Со кои се предвидуваат сите оние работи кои Заев кажа дека ќе ги нема, а и казни за тие кои нема да се придржуваат. Ние ваков закон никогаш не прифативме, ниту имаме намера да се согласиме. Со овој закон се нанесува неправда кон сите други припадници на малцинските заедници, изјави Груевски.

Тој напомена и дека немаат ништо против Албанците, дека заедно живееле и ќе живеат, но неуставни закони нема да бидат дозволени.

-Неправда е украдената волја на граѓаните и украдените локални избори. Тие што со криминал се избрани, со криминал ќе владеат. Неправда е убиениот носител на листа, значи физички се елиминираше човек, се одзема живот. Тука е пукнатиот череп и претепувањето на градоначалникот на Шуто Оризари, како и нападнатиот полицаец од Свети Николе од активисти на СДСМ, кои му ја каменуваа куќата, го тепаа и му ја демолираа колата, додека неговите деца гледале и плачеле, изјави Груевски.

Тој напомена дека додека патриотите ги апселе, Груевски кажа дека не било проблем да се ослободуваат лица како Красничи, Сејдиу бидејќи им беа потребни за изборите, да им завршат работа. Груевски кажа дека не им било тешко да го уапсат и Едмонд Темелко, кој нема ништо згрешено, а покрај тоа е и тешко болен.

-Имаме убиства и разбојништва на секој чекор, младиот Мартин Јанушев, тоа го плати со живот, а по убиецот се уште со трага, а не знае ни дали ќе се стигне до вистинскиот нарачател, затоа што за него се говори дека е близок до власта, изјави Груевски.

Тој кажа дека вратени се времињата на 90-тите, затоа што полицијата и власта се партнер на криминалот.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This