April 25, 2024, 11:07 am

„Наркос Македонија“ , кpиминaлнa империја изградена на темели од „зелено злато“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште во 2016-та во Македонија е легализирана марихуаната за медицински потреби. Од тогаш марихуаната може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти.

Мора да има агроном и фармацевт што ќе го надгледува процесот на одгледување, 24 часовен надзор како и посебни услови за местото каде ќе расте канабисот. Тој не смее да се извезува, но за странскиот пазар ќе може да се нуди маслото односно екстрактот од канабис.

Овој високо профитабилен бизнис се очекуваше на компаниите кои се занимаваат со истиот да им носи профит од околу 100 милиони евра на годишно ниво.

Со промената на власта, голем број бизнисмени, особено од Струмица го намирисаа големиот профит кој лежи во овој бизнис па решија со „полна плуќа“ да влезат во бизнисот со марихуана.

И самиот „просечен“ бизнисмен од Муртино потврди дека неговата фамилија влегла во бизнисот со „зелено злато“, а тој оствари низа средби со познати пропоненти на лековитите дејства на оваа тревка кој наводно би инвестирале во Македонија. Со дел од оние кои требаше да инвестираат во Македонија преку блиски пријатели и роднини и самиот муртински бизнисмен влезе во бизнисот.

Но се чини дека бизнисот за фамилијата од Муртино не беше доволно профитабилен па жестока борба се водеше во Собранието да се изгласа законот за опојни дроги по нивни терк токму пред распишувањето на изборите.

Аферата Канабис укажуваше на инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана.

Како еклатантен пример за инфлацијата на спорни лиценци за одгледување на марихуана беше случајот со синот на еден екс градоначалник кој прерано го заврши својот мандат поради одлежување на затворска казна.

Фирмата од Струмичко Ново Село здоби лиценца за одгледување канабис за медицински цели во ек на пандемијата со коронавирусот.

За фамилијата од Муртино се говори дека во изминатите 3 години капиталот од 2017 во висина од како што признава и сам член на фамилијтата од 8.5 милиони евра го оплоди со милиони евра рекетирани пари, државни тендери и други матни зделки.

За криминалната империја со база во Струмица логично беше милионите да ги инвестира во „зеленото злато“.

На врбот на оваа криминална империја е добро познат струмички политичар, а под него се неколку членови на неговото потесно семејство и човек со двојно државјанство.

Дел од фирмите кои одгледуваат марихуана се станционирани во југоистичниот дел на Македонија, а дел од нив во Бугарија, основани со македонски капитал.

Како основачи на фирмите во Бугарија и Македонија може да се прочитаат неколку исти презимиња кои започнуваат со буквата „З“ како и лицето со двојно државјанство.

Во Бугарија фирми носители на империјата со марихуана се фирмите Медикал 420 БГ и Фарма ЕУ БГ и двете основани во Петрич Бугарија, додека во Македонија фирмите кои се во сопственост на кланот од Муртино се Фарма Медика Канабис ДОО од Валандово и МАМ ДОО од Свети Николе.

Осовачи на МАМ ДОО се фирмите Империал Грин од Струмица и добро позната фирма Еленица во сопственост на роднини на еден македонски политичар.

Компанииите Фарма ЕУ БГ и Медикал 420 од Бугарија лиценцата ја добиваат од Пхарма ЕУ ЛЛЦ која доби лиценца од Владата на Република Македонија, а основач на оваа компанија е Фарм ЕУ БГ и лицата соптвеници на Медикал 420, чиј претходен сопственик е за македонската јавност добро познатата фирма Ориент Груп формирана во Петрич Бугарија од брат на добро познат политичар која потоа е префрлена на негов братучед.

Доколку говориме за бизнисот со Марихуана во Македонија не може, а да не го споменеме Предраг Колувија, кој од неодамна влезе во бизнисот со одгледување марихуана за медицински потреби во нашата држава, а потоа беше уапсен во Србија, поради нелегално одгледување марихуана.

Шпекулациите во јавноста говореа дека Колувија е во тесни бизнис врски со кланот од Муртино, а во Србија се товари за продажба на марихуана на црниот пазар. Во Србија овој случај беше криен кратко време, како што пишуваат медиумите, поради поврзаноста на Предраг со српските власти.

Македонските власти во овој човек видоа бизнисмен кому му го отворија пазарот, а што имал за цел да прави тука, засега ќе остане отворено прашање.

Според српската опозициска Народна партија, причината што тамошните власти го криеле случајот е блискоста на Колувија со актуелната српска власт. Потпретседателот на партијата, Мирослав Алексиќ, обвини дека веднаш по претресот Колувија, прво, се јавил кај братот на српскиот претседател, Андреј Вучиќ. Токму тука приказната станува релевантна и за Македонија. Според Алексиќ, Колувија ја користел македонската фирма „Т.Х.Ц. Куалити гроуп“ за незаконски активности.

Колувија е сопственик на фирмата „Јованица“ во Војводина на која беше откриено поголемо количество на стебла марихуана кој незаконски биле одгледувани.

Истиот сопственик со исто име формирал и компанија која наводно се бави со неспецијализирана трговија на големо во Македонија „Јованица ДООЕЛ Скопје“.

Според македонскиот Централен регистар, Предраг Колувија има сопствеништво во три фирми во Македонија. Една од нив е „Бул-билдинг“ од Струмица, компанија која има дозвола од владата за одгледување на канабис за медицински цели.

„Бул-билдинг“ компанија која исто така има лиценца за одлегдување не е основана од српскиот бизнисмен, туку тој влегол во нејзината сопственичка структура во март 2019 година, а негови актуелни партнери во Струмица се една компанија – „Минстрој Холдинг“ и две физички лица кои исто така се од Струмица и важат за блиски пријатели на семејството од Муртино.

Покрај компанијата „Бул Билдинг“ како што претходно напоменавме Колувија е дел од сопственичката структура „Т.Х.Ц. Куалити груп“ и добро познатата структура од Струмица.

Логично се поставува прашањето која е потребата за формирање на компанија во сопственост на Колувија во Македонија која се занимава со трговија…

Одговорот е едноставен, како што претходно беше напоменато бизнисот со масло од канабис никогаш не процвета во Македонија, па така струмичките бизнисмени кои инвестираа 10-тици милиони евра во полињата останаа со празни џебови и тони стебла марихуана.

Единствено нешто кое им беше потребно беше да пронајдат начин како марихуана да ја извезуваат од Македонија, па така влегоа во бизнис со човек кој во Србија истото го правел со години, а според тврдењата на српски медиуми имал целосна поддршка од српските власти.

Така приказната за извезување на масло од канабис се претвори во вистиска крими драма „Наркос Македонија“, а кланот од Муртино од производители на медицински препарати станаа шверцери на дрога со силни конекции со српското подземје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This