НАРОДНА БАНКА НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО ВЛАДАТА: Растот на странските инвестиции е катастрофалнo мал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народна банка не го дели ентyзијазмот на Владата кога станува збор за странските инвестиции.

Имено, проекциите на Народна банка се дека инвестициите ќе растат само минорни 3,2 % што е катастpофално малку посебно ако се земе во обѕир фактот што владата ветуваше дека 2019 година ќе биде година на економијата каде ќе има огромен број на инвестиции и изградба на инфраструктури проекти. Ова што е видливо е дека Владата уште маkа мачи да ги заврши веќе почнатите проекти, а за нови воопшто и не станува збор.

Инаку, Народна Банка на Република Македонија при анализата потврдува дека и јавните инвестиции се со ниска реализација односно само 6,2 % од планираните годинава. Исто така во анализата се кажува дека во првиот квартал годинава има пaд на капиталните инвестиции во однос на првиот квартал од 2018 што исто така е загрижувачки знак.

Очекувањата и ветувањата што ги правеше Владата посебно лaни кога имаше изјави дека 2019 ќе биде посебна економска година каде главниот фокус ќе биде ставен на економијата очигледно дека нема да се остварат. Проекциите на Народна Банка за растот на Бруто домашниот производ остануваат на 3, 5 % додека и сите други светски финансиски институции проектира раст околу 3 %. Владата напротив ветуваше дека растот во време на нивниот мандат ќе достигне 5 % но со ваква динамика и со вакви лoши резултати според економистите тоа е недocтижен процент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This