НАРОДОТ ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО: Запален автомобил на пратеник, протести пред домот на друг, уредник пречекан со пцовки на улица…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Запален автомобил на пратеничка која гласала за законот за двојазичност, протести пред домовите на пратениците, незадоволни граѓани на улиците низ Македонија, закани кон перјаници на власта кои го оправдуваа изгласувањето на законот за двојазичност. Ова се само дел од настаните кои го одбележаа денот по насилството во Собранието, кога на 14-ти март 2018 година беше силувана демократијата и погазени сите институции на државата

Пратеничката од Виница од редовите на СДСМ Славица Шуманска, остана без својот скап „Сеат Леон“ кој вчера по полноќ беше полиен со бензин и запален. Пратеничката се сомнева дека истиот е опожарен од незадоволни граѓани поради тоа што гласала за двојазичноста во Собранието, при нелегитимна и насилничка процедура.

Шуманска не е единствената која се соочува со гневот на народот. Имено, пратеникот на СДСМ од Велес Панче Иванов, викан Супер Марио, мораше да се соочи со гневот кој неговите сограѓани го искажаа преку протест пред неговиот дом. Претходно, од засега непотврдени информации имало и обид за напад.

И пратеникот Ферид Мухиќ, исто така од СДСМ за провладините медиуми изјави дека тој со неговите колеги се договориле да не излегуваат од дома, за да не го „иритираат народот“. Слободно толкување на оваа изјава на Мухиќ доведува до заклучок дека тие се свесни со предавството, и свесни се дека народот не се согласува со тоа па затоа мораат и да се кријат.

Протести имаше и во Прилеп каде поголем број на граѓани го искажаа незадоволството и кажаа „НЕ“ за двојазичноста во нивниот град. Од протестите порачаа дека пратениците од нивниот град треба да се срамат и дека нивните семејства засекогаш ќе останат засрамени.

Закани од гневни граѓани добивал и апологетот на власта Бранко Геровски, уредник на порталот „Плусинфо“ и „Слободен Печат“ кој во изминатите година и половина ја туркаше агендата за медиумско перење на мозок на граѓаните со цел полесно прифаќање на законот за двојазичност од страна на јавноста.
Геровски како што пишува на социјалните мрежи бил вербално нападнат од шофер на автобус, а за тоа му се пожали на Петре Шилегов.


Полициајта пак потврди дека пред домовите на пратениците и седиштето на владеачката партија има зголемено присуство на полиција. Подоцна до редакцијата на „Инфомакс“ пристигна информација дека членовите на СДСМ се тие кои всушност се заканиле дека имаат намера да упаднат во седиштето на партијата, згрозени и засрамени од одлуката на раководството да протуркаат ваков закон.

Како што дознаваме, членови на општински организации од источна Македонија испратиле писмо до Заев во кое навеле дека се срамат да излезат на улица.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This