НАРОДОТ ГО ИНАГУРИРАШЕ МИЦКОСКИ ВО ЛИДЕР: Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци со кратка колумна посветена на собирот на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци на својот ФБ профил напиша и кратка колумна за митингот кој се одржа во саботата пред Владата на Р.Македонија, констатирајќи дека Христијан Мицкоски бил „инагуриран“ во лидер на опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ од народот

Според Јоци, по овој собир на опозицијата, Заев нема проблем само со ВМРОД-ДПМНЕ, туку и со сопствените членови кои тој и неговата партија ги изневерија.

„Христијан Мицкоски, вчеравечер, народот го инаугурираше за лидер на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата. Бидејќи, лидер се раѓа од толпата, а не од канцеларија. И тоа го знае секој дипломиран политиколог.
И тоа се случи во моментот кога скокна од бина и со микрофон в рака, почна да чекори на мостот од 20 метри пред бината, популарно наречен ,,cat walk” и се претопи со демонстрантите. Ја избриша дистанцата меѓу него и народот. И создаде дистанца меѓу него и Никола Груевски, екс лидерот на партијата. Излезе од неговите чевли.
Во моментот на тој драматичен скок од бина кон луѓето кои му се придружија, настана вистинска еуфорија во делот каде бевме, ние, луѓето од медиумите-блицеви на сите страни, камери, демонстранти кои вклучија мобилни да сликаат, снимаат, луѓе кои имаа желба да го пипнат, да го овековечат моментот со него.
На Македонија, очајно, и` е потребна опозиција, и конечно вчера ја доби.
Мицкоски, на народот, на тој ,,cat walk”, му порача дека малку го знаат, не побара да му веруваат, но им рече да веруваат во себе.
СДСМ, по една година власт и со целосно истрошена артилерија, е послаба од кога и да е. Се наоѓа среде катастрофални преговори за ,,името” и со усвоен закон за двојазичност, кој не е стапен на сила и не е излезен во ,,Службен весник”, за да нема немири во оваа фаза на спорот со името.
Раскантана партија без хиерархија, дисциплина, со градоначалник на метропола со милион луѓе, кој пишува мртви смешки на социјални мрежи, наместо да работи она кое го вети. ,,Смешки” кои речиси секогаш завршуваат со три точки, бидејќи Шилегов има вечно незавршена мисла.
Во моментов, СДСМ, нема проблем само со вмровците. Кои, вчера, пред Владата на Македонија, беа многубројни-според моја проценка околу 30.000.
Поголем проблем на Заев му се оние кои гласаа за него, меѓу кои и јас. Е, тие, повеќе нема да гласаат за него.
На следни избори и ДУИ, која зајакна благодарение на Заев, ќе си ги прибере гласовите кои отидоа на контото на СДСМ.
И колку ќе освои СДСМ кој вети многу, а не исполни ништо, а донесе поголема сиромаштија ?
Главното прашање е-Кој ги донесе оние луѓе вчера и кој им бил мотивот за да биде толку масовен ?!
Никола Груевски, веќе две години е минато, од формирањето на техничка Влада, а ВМРО-ДПМНЕ, една година е опозиција. Тие луѓе немаат ништо од партијата, немаат што да добијат. Падна во вода она дека администрацијата била насилно носена на партиски митинзи. Паднаа во вода сендвичите, сладоледите…
Никој не ги довлечка за уши на тој митинг. Но, од она што го слушав и видов, сфатив дека дошле затоа што имаат овојпат што да изгубат- Македонија. И идентитетот.
Е, тој народ во моментов не смее и не може никој да го игнорира. Ни тие луѓе, ни клучните пораки на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски за ,,името”, економскиот крах на Владата на Зоран Заев, за безидејноста, фамилијарните бизниси на премиерот и неговите пајташи, неработењето и на министрите и градоначалниците, за младите и невработеноста, општо за катастрофалните политики околу зачувување на Македонија.
Особено не смее тој народ да го игнорира Зоран Заев, на кој му се собраа масовно толку луѓе. На митинг. Не на протест. А, пазете, нема избори на повидок.
Македонија доби опозиција. Коректор.
И тоа е добра вест за сите нас, затоа што СДСМ не` изневери. Нас и нашите надежи.” – пишува Јоци на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This