НАРОДОТ Е НЕПРОБОЈНИОТ БРАНИК НА МАКЕДОНИЈА: Силата на народот е непробојниот браник кој секогаш во времињата на искушенија државата ја одржал стабилна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што Заев не го пресметал е дека тука постои народ кој е доволно мудар за да препознае едно вакво сценарио и одговорот на сето ова ќе следува на 11-ти декември, историсики громогласен одговор, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Валандово.
5grujo5-640x405

Груевски нагласи дека одговорот ќе биде силен и јасен, затоа што за државата се работи. Потенцираше дека нема да дозволат Македонија да стане експеримент на поединци и додаде дека Македонија се сите граѓани кои ги интересира подобар живот, повеќе можности, решавање на проблемите.

-Силата на народот е тој непробоен браник кој секогаш во времињата на искушенија на државата ја одржал стабилна. Народот секогаш кога бил потценет, го давал најгласниот одговор, така ќе биде и на овие избори на 11-ти декември. Заев вчера сам си се прогласи за иден премиер, но она што заборави е дека во оваа држава има народ, на кој му припаѓа сувереното право да одлучува на избори, нема власт без одлука на народот, тој не може да се заобиколи, колку тоа тој да го занемарува и договара со тие од горе, рече Груевски.

Овие избори, нагласи Груевски, се и шанса да заврши политичката криза.

-На нашиот народ, на нашите граѓани им е потребен крај на политичката криза и политиччка стабилност за Македонија да оди напред. Но, верувајте, клучна гаранција дека кризата ќе заврши е ако ВМРО-ДПМНЕ и коалциијата добијат 63 пратеници во Парламентот, тоа е сигурна гаранција дека кризата ќе заврши сега во декември, дека сценаристите ќе се повлечат и ќе видат дека тоа не оди така. Заев ќе си го добие одговорот и ќе си се врати во Струмица да си ја гледа својата работа и приватниот бизнис. За нас е најважно кризата да заврши, а таа не може да заврши ако немаме 63 пратеници. Ако ги немаме тие 63 пратеници, сценаристите и Заев ќе продолжат да се обидуваат, ќе продожат понатаму со разни сценарија. Мора овој народ да им стави крај, мора да им ја испрати пораката и директно во лице да им каже. НЕ, не може тоа што го барате од нас, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This