НАРОДОТ НЕ ПОДЛЕГНА НА ПРИТИСОЦИТЕ: Илјадници граѓани излегоа и дадоа поддршка за Мицкоски и Република Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Река народ се упати од централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ кон Владата на Република Македонија, марш кој го обележа стартот на револуцијата, како што најави Мицкоски, која со мирни протести и гандиевски методи планира да ја урне власта на Зоран Заев.

И покрај огромните притисоци врз администрацијата, ненормално големо полициско присуство, полициските хеликоптери кои во текот на целиот ден го надлетуваа Скопје граѓаните во огромен број, масовно ја дадоа поддршката за Република Македонија и за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои ги предводеше народните протести.

Очигледно љубовта кон татковината на граѓаните е поголема од стравот од хунтата на Заев која со удбашки методи на заплашување залудно се обидуваше да го натера народот да остане дома. Клучно во овој момент е што народот ја прифати подадената рака од Мицкоски, го прифати неговото водство, а на протестите покрај големиот број партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ можеше да забележат припадници на невладини организации, помали партии и активисти кои во изминатиот период паралелно со ВМРО-ДПМНЕ ја водеа биката за името на државата.

Обединувањето и окрупнувањето на опозицијата многу веројатно не завршува тука, а ваквиот момент влева страв кај власта која очигледно на секој можен начин го користи државниот апарат за справување со огромниот револт на македонскиот народ и сите оние граѓани кои не се задоволни од нејзините политики. Стравот на власта може да се види во сите овие фотографии на кои може да се забележат стотите припадници на МВР кој се повикани да ја бранат фотелјата на Заев од гневот на народот.

Ексклузивна снимка од дрон!

Снимка од птичја перспектива! Илјадници граѓани на протестот на ВМРО-ДПМНЕ!

Posted by infomax.mk on Wednesday, November 28, 2018

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/880453762163726/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This