НАСА започна мисија за пренасочување на aстероиди кои претставуваат опacност за Земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската агенција НАСА (Националната авијација и вселенска администрација) го лансираше вселенското летало Дарт во пробна мисија за пренасочување на орбитите на астероидите кои претставуваат потенцијална или реална опасност за Земјата.

Леталото беше лансирано на патување долго 6,8 милиони милји со мисија да удри во вселенски сателит Диморфос сличен на малата месечина за да се види дали астероидите би можеле да се одвратат од можен судир со Земјата, пренесува Ројтерс.

Дарт беше лансиран синоќа во 22:21 часот со ракета Falcon 9 во сопственост на компанијата Space X, на Илон Маск од американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, како прв планетарен одбранбен систем, јави Танјуг.

Планот е роботското вселенско летало Дарт да се сруши на Диморфос со брзина од 24.100 километри на час со цел минимално да се промени траекторијата на тоа небесно тело.

Ако мисијата успее, тоа ќе значи дека НАСА, но и други вселенски агенции, можат да свртат астероид кој се движи кон Земјата и да спречат катастрофален удар и можен крај на светот.

Капсулата со големина на пикадо се откачи од носачот неколку минути по лансирањето и го продолжи своето десетмесечно патување во длабоката вселена, на околу 6,8 милиони милји од Земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This