НАТО НЕ ГИ САКА СОРАБОТНИЦИТЕ НА ШЕЌЕРИНСКА КОИ БИЛЕ ДЕЛ ОД ЈНА: Блиските релации на бивши офицери на ЈНА со Србија непожелни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раководството на Министерството за одбрана во моментот се состои од лица со длабоки приватни, семејни, оперативни и политички врски со Република Србија.

Државен секретар е Драган Николиќ, син на поранешен офицер на ЈНА од Србија. Покрај ангажманот во партијата СДСМ и логистиката при испраќање мисии и промоции на луѓето блиски до СДСМ, нема некој значаен придонес за МО.

Државен советник, а во исто време и најблизок соработник на министерот за одбрана, Радмила Шеќеринска и главниот експерт за човечки ресурси, Мирослав Стојановски, поранешен офицер во војската на ЈНА за време на српската aгpecија на Хрватска и окупацијата на Вуковар, беше обвинет за yбиствo на невини цивили. По окупацијата на Вуковар беше промовиран во ранг на мајор на ЈНА.

Началникот на Военото разузнавање, Горан Василевски е личност поврзана со српската армија, што повторно е директна причина поради што не добива безбедносна дозвола подолго време. Василевски е еден од ретките вработени во македонската армија кои во 2013 година пишувале во печатот на Министерството за одбрана без претходна согласност на македонското Министерство за одбрана.

Експертите во оваа област нагласуваат дека со цел да се објави статија или каков било натпис на официјалниот јавен весник во војската или слично, треба да се поврзат со уредувачката структура на истата, кои се високи службеници на земјата.

Прашањето е дали Македонија со таква организациска структура која е очигледно поврзана со земја која не е членка или партнер на НАТО, во овој случај Република Србија може да биде вистински партнер на сите членки на НАТО, особено во Хрватска?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This