March 28, 2024, 12:14 pm

НАТО ЌЕ ЈА ИСПИТА СВОЈАТА ОДЛУКА ЗА ПОДДРШКА ДОКОЛКУ БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА КОСОВО ПРЕРАСНАТ ВО АРМИЈА: Безбедносните сили на Косово имаат поддршка во оваа форма и мандат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовското Собрание вчера усвои три владини предлог-закони во прво читање за трансформација на Косовските сили за безбедност во Косовска армија. Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека овој потег претставува закана за мирот и опасност за Србија и Србите. „Не може да има други вооружени сили на Косово освен КФОР се додека е во сила резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“, рече Вулин.

Косовскиот претседател Хашим Тачи нагласи синоќа дека Белград и Приштина не треба да се блокираат еден со друг. Зборувајќи за дијалогот, тој додаде дека е убеден во постигнување обврзувачки договор и како што тврди, 98 отсто жители на Прешевската долина на југ во централна Србија поддржуваат обединување со Косово. Тачи смета дека статус кво треба да се надмине, бидејќи тоа претставува регресија во сите области. Во меѓувреме, шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово Авдулах Хоти на Фејсбук напиша дека наводите дека косовските Срби се уплашени од формирањето војска на Косово се неточни, а нивното претставување како жртви е лажна пропагнда од страна на Белград. За Хоти ваквите тврдења се „измислици“ на српскиот претседател Вучиќ и порача дека „судбината на косовските Срби конечно ќе се смени кога Белград ќе престане да ги употребува за сопствени политички интереси“.

По повод одлуката на Собранието за трансформација на КБС во војска, висок претставник на НАТО изјави дека останува на косовските власти да одлучат за каква била промена на структурата, мандатот и мисијата на КБС.

НАТО ги поддржува Косовските безбедносни сили во нивниот актуелен мандат. Ако тој мандат биде променет, Северноатланската алијанса ќе мора да го преиспита нивото на ангажирање на НАТО на Косово. Ние не можеме да ја предвидиме одлуката на Северноатланската алијанса, наведе претставник на НАТО за британски медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This