April 26, 2024, 10:13 am

НАУМОВСКИ СО ЖECTOКИ KPИТИКИ ДО ВЛАСТА: Невкycни се нaпaдите врз Макрон, Франција и Тимоние

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот по меѓународни односи и поранешен амбасадор на Македонија во САД, Васко Наумовски, на денешната емисија на Алфа телевизија, истакна дека претставниците на владата не можат да ја обвинуваат Франција, затоа што треба консензус од сите држави членки, а и таа е една од највлијателните држави , и основач на Европската унија.

Професорот Наумовски исто така истакна дека оваа влада фрли се на една карта, а тоа промената на името, со цел да се одблокираат евроатланските процеси. Но многу тешко можете да ја подадете вашата успешна приказна во Европската унија, доколку не ги имате исполнето сите ваши домашни задачи.

-Неодржувањето на средба со францускиот претседател Макрон покажува дека Франција оценила дека не е моментот да се сретне со наши претставници затоа што има сериозни забелешки, вели Наумовски.

Тој вели дека погрешно е да се верува дека промената на нашето уставно име е доволно за да направиме чекор напред имајќи предвид дека година и полина добивавме сериозни забелешки од страна од Франција и од други европски членки. Сега во изминативе денови и холандскиот амбасадор имаше сериозни забелешки за овдешните реформи особено во правосудтсвото и јавното обвинителството.

-Мене ми се невкусни сите овие напади и кон Франција како држава и врз Макрон како претседател и врз амбасадорот Тимоние, не можете да го обвините Тимоние доколку не сте покажале доволно реформи внатре во државата, вели Наумовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This