НАЈАВЕНИ СРЕДБИ СО ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЦИ: Муцунски ќе пpисуствува на Политичкото Собрание на Европската Народна Партија.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на 14 и 15 октомври ќе присуствува на Политичкото Собрание на Европската Народна Партија.

Од партијата истакнуваат дека во текот на Собранието ќе се разгледаат повеќе клучни прашања и тоа: подготовка за престојниот Конгрес во Загреб каде ќе се избира нов Претседател на ЕНП, статутарни промени во ЕНП, како и усвојување на заеднички буџет.

-Во текот на Собранието се очекува да се отворат актуелни прашања од значење за Европската Унија како што се Брегзит, потребите од внатрешна реформа, и секако статусот на проширувањето. Покрај редовните средби со претставниците на сестринските партии во Политичкото Собрание, Муцунски ќе оствари средби и со повеќе Европарламентарци како и претставници на Европската Комисија, се наведува во париското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕТИМЧО МУЦУНСКИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This