Највисока aлepтнa фаза прогласена во Белгија поради КОВИД-19, во Македонија aбep нeмaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгија ги зајакнува анти-корона мерките, најави премиерот Александар Де Кру на прес-конференција, со единствена цел – спречувањена зголемувањето на бројот на инфекции, хоспитализациии и смртни случаи во земјата.

„Нашата земја во највисока алертна фаза: Фаза 4“, рече премиерот на Белгија, додавајќи: „Бројот на инфекции се зголемува секојдневно, и многу брзо. Нашите доктори и болниците се под голем притисок. Се бориме во нееднаква битка“.

„Денес, разликата во споредба со Март-Арпил е тоа што вирусот сега е поблиску до секој од нас. Сите знаеме по некој човек кој е заразен, во карантин и некогаш во тешка состојба“, објаснува Де Кру. „Нема да видиме добри вести во следните денови“.

На Белгијците ќе им бидат дозволени само личните контакти во сопственото домаќинство, или само еден контакт надвор од домаќинството.

Домаќинствата ќе можат да примаат само четворица надворешни лица, гости, и тоа секогаш истите четворица. За промена на лицата кои ќе бидат дозволени како гости, дозволено е на секоја втора недела.

Работењето на далечина ќе биде задолжително, а каде што не е возможно, ќе бидат превземени сите неопходни мерки.

Во целата земја, баровите и рестораните ќе бидат затворени во следните четири недели. По две недели ќе се разгледаат ефектите од мерките за затварање на угостителските објекти. Нарачки за храна ќе можат да се прават до 22.00 часот.

Дополнително, ќе бидат овозможени згрижувачки пакети за сите бизниси во земјата.

Ќе се забрани продажба на алкохол по 20.00 часот.

Ќе се воведе полициски час од 24.00 до 05.00 часот изутрниа.

На погребите ќе бидат дозволени максимум 40 луѓе.

Во меѓувреме, Македонската влада повторно политички калкулира, а денес премиерот Зоран Заев изјави дека тој е против воведување на полициски час и зајакнување на мерките за борба со КОВИД-19.

Во изјава за „Инфомакс“ пак, министерот Венко Филипче вчера истакна дека засега не е потребно воведување на полициски час.

Вчера од нешто повеќе од 2.400 тестови, заразени беа речиси 550 лица.

Во последните два дена животот од корона вирусот го загубија 12 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This