НАЈНОВИ ПИКАНТЕРИИ ОД ПРЕЉУБНИЧКАТА АФЕРА НА СРПСКАТА ФОЛК ДИВА: Карлеуша останала трудна од Врањеш?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љубовта помеѓу Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш била веројатно толку силна, што фолк-ѕвездата во еден момент посакала на босанскиот фудбалер да му роди дете – пишуваат српските медиуми, наведувајќи дека според информациите што ги поседуваат, но и пораките што ги размениле и во кои имале увид, Јелена во еден момент од нивната врска се посомневала дека е бремена.

„Сkандал дамата“ тогаш му се пожалила на фудбалерот дека има болки во грaдитe и дека можеби чека дете.

„Помеѓу Јелена и Огњен се родила силна љубов и страст, иако сето тоа започнало онака необврзно, од забава преку Инстаграм. Тоа траеше две години, а најблиските луѓе во околината на пејачката знаат што тие двајца поминаа. Имаше и солзи и смеа, и љубов и љубомора, грижи, патувања, а во налет на најголемата љубов дури и желба да се добие заедничко дете. Јелена постојано му говорела на Огњен дека сака наследник со него и еднаш му напишала во пораката дека има болки во грaдитe и оти се сомнева дека е брeменa. Бидејќи веќе раѓала два пати, симптомите што ги имала, предизвикале да се посомнева во бременост“ – раскажал за српските портали еден извор близок до Карлеуша.

Тој вели дека босанскиот фудбалер на Андерлехт не бегал од одговорност кога му ја соопштила оваа наводна радосна вест.

„Огњен сака деца и нормално дека сакал Јелена да го роди неговото дете бидејќи многу ја сакаше. Покрај тоа, тој и ‘рекол дека ако се испостави дека е навистина бремена, таа да го задржи детето и декa заедно ќе ја истуркаат ситуацијата. Ма, ја поддржуваше во сè. Правеше сè само за таа да биде задоволна. Беше најсреќен кога му рече да и направи дете. Тој не знаеше дали се шегува или не, но беше пресреќен“ – вели анонимниот соговорник, близок до пpељубничката естрадно-спортска двојка.

Извор:вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This