НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Почна Тиквешкото востание против српскиот окупатop, во кое загинале 1.000 Македонци и биле изгорени 1.000 куќи и дуќани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа е прво организирано вооружено востание на македонскиот народ по Илинденското кое, поради разни причини, било долго премолчувано и од историчарите.

Тиквешкото востание траело седум дена и толку траела слободата на Кавадарци и Неготино и повеќе села од тиквешкиот регион. Македонските востаници ги ослободиле градовите Кавадарци и Неготино, како и педесеттина села од тој крај.

Востанието било крваво задушено, загинале или биле убиени повеќе од 1.000 Македонци, а околу 2.700 биле затворени. Притоа биле изгорени околу 1.000 куќи и дуќани, пред се во Кавадарци и во Неготино.

Тиквешкото востание, кое долго време било табу-тема и за историчарите, е прво востание во Македонија по Илинденското, дигнато десет години по Илинден против новиот српски окупатор.

Тиквешкото востание е објавено на 12 јуни 1913 година во кавадаречкото село Ваташа. На ова му претходела реонски собир кој се одржал од 28 до 30 мај истата година во селото Бегниште. На реонската конференција присуствувале 60 претставници на речиси сите села од Тиквешијата, на која била донесена одлука за кревање на востание.

Тиквешкото востание почнало со сигнални огнови по селата, какви што се вивнале во Мрежичко и во Рожден, најавувајки ја борбата против новиот српски окупатор кој ја заменил османлиската окупација.

Првата вооружена акција била на 19 јуни, потоа било ослободено Кавадарци како и селата од десната страна на Вардар од Демир Капија до Рожден.

Слободните седум денови биле прославени со народна веселба и со собирање помош за востаниците.

Во Тиквешкото востание за слобода на Македонија загинале околу 1.000 тиквешани од кои на 500 имињата со сигурност им се знаат, меѓу кои голем број се и жени, деца и старци, кои биле убиени, заклани и имало и живи изгорени. Освен тоа, српската окупаторска војска, за да го наплаши населението на колје врзала 150 тиквешани во центарот на Кавадарци и биле оставени да висат 30 часа под пеколното сонце. Потоа заедно со уште 50 други кавадарчани биле одведени во месноста Полјаната и таму биле стрелани. Запалени биле над 1.000 куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Српската окупаторска војска извршила голем терор и во реонот на Криволак, каде бил извршен колеж, а има сведоштва дека во фурни биле горени и деца за да го заплашат народот.

Отпор кон новиот терор и асимилацијата

Тиквешко востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт која ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на ВМРО, а потпомогнато од нивните чети.

Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението за асимилација и посрбување на Македонците. Тие упатиле јавна закана до населението дека секој што ќе се спротивстави на новата српска власт ќе биде погубен.

Процесот на асимилација на Македонците започнува со протерување и апсење на сите дотогашни бугарски учители и егзархиски свештеници, а како замена се доведени учители и попови од Србија. Во црквите и училиштата бил воведен српскиот јазик. Засилениот терор на новата окупаторска власт го засилил и револтот на населението, не само кај првенците, туку и кај обичните жители.

На востанието му претходеле неколку настани кои особено го зголемиле револтот.

Српската полиција го убила Александар Видов, член на ВМРО и на општинската управа во Кавадарци. Сурово била мачена и бабата Наца Пинџурова, мајка на револуционерот Димитар Пинџуров и баба на народниот херој Страшо Пинџур. Млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба била силувана од српскиот поручник Милан Крековиќ, а била убиена и цела турска фамилија од педесетина членови, меѓу кои и деца итн.

Ослободени Неготино, Кавадарци и 50-тина села

Со поддршка на ВМРО било свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај кои учествувале и во Илинденското востание. Меѓу нив биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од кои 200 биле обични граѓани кои првпат зеле пушка в рака, а останатите биле комити од четите на ВМРО.

Востанието започнало на 19 јуни, а покрај Неготино и Кавадарци, ослободени биле и 50-тина села во Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги нападнале и ги протерале српските војски од Неготино.

Набргу српските власти испратиле засилувања од околните села кон Неготино, но сите биле разбиени. Востаниците продолжиле понатаму и успеле да ги протераат српските власти од општинската зграда во Кавадарци, го симнале српското знаме и го поставиле тиквешкото револуционерно знаме.

На 20 јуни било одржано и свечено собрание на кое била избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само седум дена.

Набргу српските окупаторски власти испратиле бројна војска, предводена од одродените Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска им дошол и башибозук на Јаја Ага, со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев биле оставени сами да се соочат со побројната српска војска.

Овој значаен настан од историјата на Македонија, долго време бил табу тема, не само за граѓаните туку и за историчарите. Неправедно му се калемеле бугарски карактеристики на овој македонски бунт за слобода против новиот окупатор, а настанот се заташкувал веројатно и од причина да биде истиснат од меморијата на Македонците во интерес на братсвото и единството во бившата заеднича држава СФРЈ.

Според спомените на самите учесници во востанието, како и според македонските историчари д-р Зоран Тодоровски, д-р Александар Апостолов, Петре Камчевски и други, ова востание има чист македонски карактер, односно тоа претставува народен отпор против политиката на новиот српски окупатор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This