Челниците на Бока Јуниорс во ваква клима не сакаат да играат натпревар за титула во Копа Либертадорес, ниту во поместениот термин од 22:00 часот, но тоа не значи дека натпреварот ќе се одложи. Еден од челниците на клубот од „Ла Бонбонера“ изјави дека Бока одбива да настапи, а фудбалерите на Ривер Плата им даваат поддршка на своите лути ривали и прифаќаат одложување.
Но, челниците на КОНМЕБОЛ во консултација со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино не гледаат доволно причини за одлжување на натпреварот. „Монументал“ е полн со часови пред почетокот и доминира „црвено-белата“ боја.
Јавноста и протагонистите го чекаат последниот збор на челниците на ФИФА и КОНМЕБОЛ неколку минути пред 22:00 часот.